Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут. На средбата, разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји.
„Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави“, објави Мицкоски.
Текстот Средба Мицкоски – Мацут: унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски е превземен од МАКФАКС.





