Средба на Пендаровски со претставници на Струковиот синдикат на контролорите на летање: Претседателот уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ

Средба на Пендаровски со претставници на Струковиот синдикат на контролорите на летање: Претседателот уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ

пред 2 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролорите на летање, и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор.

На средбата претседателот Пендаровски ги поддржа заложбите на Синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД Скопје, која е дел од критичната инфраструктура во државата, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Во оваа насока претседателот Пендаровски уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во институцијата и други лица, кои неовластено влегле во нивните простории, и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.

Истовремено, претседателот Пендаровски го реафирмира ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите, се додава во соопштението.

Текстот Средба на Пендаровски со претставници на Струковиот синдикат на контролорите на летање: Претседателот уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top