Станковиќ: Дамева е личност што не е достојна да извршува висока судска функција

Станковиќ: Дамева е личност што не е достојна да извршува висока судска функција

пред 1 ден

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ и во однос на интерпелацијата за членот на Републичкиот судски совет, Весна Дамева посочи дека се работи за личност која не е достојна да извршува висока функција во делот на судската организација.

Станковиќ се осврна на работата на судскиот систем воопшто издвојувајќи поединечни судии и како постапуваат истите. Според него клучни се неколку работи, а пропусти прават определени судии. Станковиќ се осврна на неколку прашања и работи за кои се прават многу пропусти.

„Дали имаме ефикасност при постапките, дали судат судиите во рок, или како што е предвидено во разумен рок, дополнително што е со судиите кои не закажуваат судења, што одложуваат судења, а одат на скијање“, посочи Станковиќ.

Текстот Станковиќ: Дамева е личност што не е достојна да извршува висока судска функција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top