Стефанова бара бизнисмените да ги вратат парите кои ги стекнале со кривични дела, а тие бараат спогодби за „Империја“,

пред 3 години

Истрагата за случајот „Империја“ е завршена, а дел од осомничените се решиле да соработуваат со обвинителката Лиле Стефанова и побарале спогодби. Засега не се открива кои лица се води истрага и ќе се донесе одлука за да бидат обвинети. Познато е само дека истрагата е проширена бидејќи сомнежите на Стефанова се дека осомничените сториле повеќе кривични дела, а опфатени се и нови лица.

„Во моментов нема спогодби, но има иницијативи за спогодување. Не можам да ви кажам лица. Постапката за спогодување не е тајна, повеќе лица имаат поднесено иницијативи за спогодување. За лицата и делата нема да зборувам, ако бидат постигнати спогодби ќе бидат споделени. Нема кривично дело за кое не може да се прифати спогодба, ама дали ќе се прифатат условите за спогодбата, зависи од тие кои се спогодуваат. Целта во овој предмет ќе биде дали обвинетите се спремни да ја платат, односно вратат имотната корист со која се стекнале со извршувањето на кривичните дела“, кажа Стефанова.

Според неа, има квалитетни докази во истрагата и додаде: „Ценам дека ќе имаме уште еден успешен предмет во кој ќе докажеме како се извршени кривичните дела и очекувам конфискација на имот и имотна корист од тие кривични дела. Точно е дека и кривичната пријава за МПМ беше препратена во СЈО, чија истрага заврши. Ќе биде донесена одлука и за него“.

„Овој предмет по случувањата кои се општо познати премина во ОЈО-ГОКК. Сакам да појаснам дека некои од дејствијата на делата почнуваа од истрагата во 2002 година. Истражната постапка заврши за сите дела за кои беше поведена. Започнаа известувањата за завршена истрага, следува обвинетите во 15 дена да доставуваат докази. Сите тие извршија увид во доказите. А потоа Обвинителството ќе одлучи, а јас бидејќи лично подолго време го работам предметот мислам дека е зрел за одлука, мислам дека до крај на мај ќе има одлука за секое од делата и обвинетите, согласно прибавените докази“, вели Стефанова.

Истрагата беше отворена на 9 ноември 2018 година и до денес истата ја предводи обвинителката Лиле Стефанова. Осомничени освен Камчев и Мијалков се уште 11 лица, односно Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска- Камчева, Христина Камчева- Стојческа и Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Share
Scroll to Top