Стојаноски: СДС поднесува амандмани за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави

Стојаноски: СДС поднесува амандмани за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави

пред 6 часа

СДС поднесува амандмани за Буџетот за 2027 за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на прес – конференцијата на Оливер Спасовски од СДСМ.

„Каква трагикомедија! 225 амандмани за она што СДС имаше цели седум години да го направи! Какво жестоко потценување на својот народ. СДС поднеле 225 амандмани на Буџетот за 2027 година, од кои дури 161 се однесуваат на општините. И без исклучок, ама без исклучок сето тоа што го бараат во амандманите или е покачено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ или е почнато со реализација. Но, се поставува едно едноставно прашање: Каде бевте и што направивте за овие потреби кога ја имавте власта? Во периодот 2018–2024, низ седумте буџети подготвени во време на СДС биле реализирани расходи (потрошени пари), 30 милијарди евра! 30 МИЛИЈАРДИ. Во сегашната пратеничка група на СДС има: – двајца поранешни премиери, – седум поранешни ресорни министри, – двајца поранешни вицепремиери и – поранешен Претседател на Собранието, при што дел од нив извршувале повеќе функции. Луѓе што не беа само пратеници, туку директно учествуваа во носењето одлуки, управувањето со институциите и подготовката и спроведувањето на буџетите. Денес токму тие бараат дополнителни средства за проблемите кои тие личности ги создадоа. И за кои не направија ништо за да ги решат. Малку срам да имаат. Зошто овие прашања не беа решени тогаш? Кои проекти ги започнаа, кои ги завршија и кои ги оставија нереализирани?“, праша тој.

Според Стојаноски, секој амандман што носи вистинска корист за граѓаните заслужува сериозна расправа.

„Но и седумте години владеење заслужуваат сериозна отчетност! Ова потценување на народот ќе биде уште посилно казнето на наредните избори“, напиша пратеникот на „Фејсбук“.

Текстот Стојаноски: СДС поднесува амандмани за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top