Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

пред 1 час

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата.

Како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатурата на Радичевски била едногласно изгласана на редовна седница на Извршниот комитет на партијата.

Радичевски е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.

„Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на Општина Брвеница“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекуваат убедлива победа на вонредните локални избори во Брвеница.

Текстот Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top