„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

пред 4 часа

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по апсењето на екс-вицепремиерот и еден од првите луѓе на ДУИ, Артан Груби.

„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се вели во реакцијата.

Текстот „Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top