Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

пред 6 часа

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.

Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел, соопштија од министерството, да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој.

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку Министерството за транспорт.
Од причина, а имајќи предвид дека урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвива со забавена динамика, државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови. Исто така со предвидените измени се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите.
Оваа подзаконска измена има за цел да ја поттикне конкуренцијата и да ги намали инфлаторните движења во услови на силни предизвици во делот на снабдување во ланците на исхрана. Забрзаните постапки не се само административни измени, тоа е мерка која ќе обезбеди посилна конкуренција и динамичен развој на државата. Сметаме дека преку овој пристап инвеститорите добиваат поголема сигурност и предвидливост во постапките.
Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на стручната јавност во процесот на носење на измените, одржувањето на денешната стручна јавна расправа е чекор понапред во отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни.

Текстот Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top