Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди

Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди

пред 10 месеци

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.

До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.

Текстот Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top