Студено и облачно време, попладне дожд и снег

пред 3 години

Времето денеска променливо облачно и студено. Претпладне главно на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Share
Scroll to Top