Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска

Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска

пред 1 месец

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

„Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот.

Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.

Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.

 

Текстот Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top