Судските административци до пратениците: Надминете се и изгласајте буџет со повисоки плати

Судските административци до пратениците: Надминете се и изгласајте буџет со повисоки плати

пред 12 месеци

Пратениците да се надминат себе си и да изгласаат буџет кој ќе гарантира зголемување на платите. Ваква порака упатија денес на протест пред Собранието, вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот за здравство, како и од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Протестот е во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Говорниците на протестот го искажаа својот револт бидејќи во предлог буџетот кој е пред пратениците не е превидено покачување на платите на судската администрација и побараа поддршка од народните избраници.

Остри критики упатија и до вицепремиерот Фатмир Битиќи поради изјавата дека судската администрација е виновна за одолговлекување на предметите, а ќе треба да се скрати од пензиите и од оброците на студентите ако ги зголемат платите во здравството и во Обвинителството.

„Судскиот совет е надлежен за нашата работа, вие грижете се за она што е во ваша надлежност“, му порачаа на Битиќи, додавајќи дека времетраењето на постапките не зависи од судските службеници, туку од судиите. Го повикаа вицепремиерот да дојде и да праша кој од овие вработени имаат 37.876 плата колку што изнесува новата вредност на просечната плата за септември.

Бојан Ристески претседател на Независен синдикат на дрржавна администрација беше дециден: „Бараме европски плати за нив, европски плати за нас“.

Рече дека се подготвени низ дијалог и преговори да го решаваат проблемот.

Борче Мирчевски – претседател на здружението на судска администрација изјави дека вработените во судската служба имаат досега најголема разлика со платите на суддите, а толкава разлика никогаш досега не била забележана.

Вчера премиерот рече дека правото на протест е загарантирано, ќе продолжат преговорите со претставниците на синдикатите, но покачувањето на платите ежќе биде во согалсност со можностите.

Текстот Судските административци до пратениците: Надминете се и изгласајте буџет со повисоки плати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top