Партијата Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на состанок на централното претседателство утре, ќе одлучи дали на локалните избори ќе учествува заедно со „Влен“ или сама.
Таравари рече дека пред нив се тие две опции и не постои трета. Сепак, има некои општини во кои партијата на Таравари верува дека и сама може да направи добар резултат. Во таа насока ги спомена Гостивар, Врапчиште, Дебар, Боговиње, Теарце, Сарај.
Во врска со изјавата на Билал Касами дека тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот, Таравари рече дека тоа е негов став, но верува дека Касами избрзува кога дава изјави.
Текстот Таравари верува дека и без „Влен“ во некои општини може да постигнат добар резултат на локалните – утре ќе се знае дали ќе настапат сами е превземен од МАКФАКС.






