Таткото на Ѓорчевска донесен во Основниот кривичен суд во Скопје кај судија на предистражна постапка

Таткото на Ѓорчевска донесен во Основниот кривичен суд во Скопје кај судија на предистражна постапка

пред 3 години

Во Скопскиот кривичен суд  е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од осомничените за убиството.

Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрага.

Телата на двете жртви 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски се на обдукција во Судска медицина. Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите по што се очекува да биде побаран и подолг притвор за четворицата осомничени.

Петтиот осомничен Љупчо Палевски – Палчо којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата се наоѓа во бегство. До овој момент МВР нема распишано меѓународна потерница, бидејќи предметот е се уште во предистражна постапка.

Текстот Таткото на Ѓорчевска донесен во Основниот кривичен суд во Скопје кај судија на предистражна постапка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top