Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против татко и син, за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„ При претрес во домот на двајцата осомничени, на улицата „Методија Митревски“ во Скопје, вчера биле пронајдени поголемо количество оружје, различна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница. Претрес бил извршен и во викенд куќа на семејството во селото Раштак, каде било пронајдено дополнително количество оружје и муниција“ соопшти обвинителството.
За осомничените на возраст од 73 и 46 години, определен е притвор, поради можност за бегство.