Тетовец скокнал во Вардар и спасил 81-годишен маж

пред 6 дена

Драма со среќен крај се одвивала вчера на подрачјето на општина Аеродорм, кога од водите на реката Вардар бил спасен Б.М.(81) од Скопје.

Дваесет и седумгодишен градежник од Тетово го забележал мажот во реката, по што скокнал и го извадил, велат од полицијата.

На местото на настанот стигнала Итната медицинска помош која констатирала дека скопјанецот е во добра состојба.

Тој бил вратен дома, а неговата снаа пред полицијата објаснила дека свекорот има здравствени проблеми. Домот го напуштил без знаење на семејството.

Share
Scroll to Top