Тоа е конфликт меѓу двајца колеги, кои се познаваат 20 години: Хамиди за вчерашниот напад

Тоа е конфликт меѓу двајца колеги, кои се познаваат 20 години: Хамиди за вчерашниот напад

пред 3 години

Директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди, не гледа проблем во одлуката на Владата да го разреши и вели дека е спремен веднаш да си даде оставка, но зад него него стојат многу позитивни работи и да си замине од функцијата ќе испадне лошо.

Во однос на вчерашниот упад во радарската соба и нападот на дел од вработените во контролата на летање, Хамиди истакна дека се случил немил настан и тоа не смеело да се случи, но, според него, тоа е конфликт меѓу двајца колеги што се познаваат 20 години, заедно биле на школување и обука.

„Има набој на енергија. Лична конфронтација. Лицата се вработени во М-НАВ и тоа е сѐ што можам да кажам. Има камери и тоа ќе се утврди. Во интерес на истрагата не сакам да навлегувам понатаму“, додаде тој.

Тој негира дека се видел со Беким Незири, кој ги внел другите напаѓачи во М-НАВ, иако двајцата се кадри на владејачката ДУИ.

Рече и дека цело време биле напаѓани од страна на претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, и истакна дека не излегувале пред медиумите да се пожалат, бидејќи, како што вели, имале покрупни работи со кои морале да се занимаваат.

Текстот Тоа е конфликт меѓу двајца колеги, кои се познаваат 20 години: Хамиди за вчерашниот напад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top