Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

пред 4 часа

Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам“, реагира директорот на СОЗР, Ивица Томовски, откако СДСМ на прес-конференција утринава обвини дека негова семејна фирма која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.

СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи. Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат“, пишува Томовски на ФБ.

Текстот Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top