Трајанов: ЕУ да ја повлече одлуката за усвојување на преговарачката рамка

пред 6 дена

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов смета дека македонската Влада треба да ја повлече согласноста за прифаќање на францускиот предлог, во кој, како што вели, на суптилен начин се вградуваат националистичките барања на Бугарија, а со Протоколот усогласен помеѓу претставници на двете влади детално се разработува имплементацијата на истата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Трајанов ги повика земјите членки на Европската унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето но ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања.

„ ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми. Со оглед на фактот што претставници на Владата на Македонија директно беа вклучени во преговорите со Бугарија, бараме нивно повлекување (оставка) од функциите, посебно министрите за надворешни работи и евроинтеграции.

Демократскиот сојуз е против францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански – народен отпор против загрозување на Македонскиот национален идентитет“ наведува партијата.

Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата доколку се согласи Преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на Европската Унија.

Share

máy chủ go88 rút tiền go88 quy luật đánh tài xỉu go88

https://tai.sunwin.gg/

Scroll to Top