Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги посети домовите на двајца корисници на услугата помош и нега во домот и притоа доделија решенија за користење на оваа услуга, преку Проектот Сервис за стари- „Центар се грижи за возрасните“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„ Грижата за граѓаните, со посебен акцент на ранливите категории на граѓани е врвен приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока, креираме политики, стратегии, преземаме мерки за поддршка на оние граѓани на кои помошта им е неопходна. Затоа што секој еден граѓанин има право на достоинствен живот“, рече министерката Тренчевска.
„Проектот оваа година започна од 12.05.2022 година, од кога и ги примаме барања за доделување субвенција, а ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на општината. Сите детали како услови, начин и потребна документација за аплицирање, граѓаните можат да најдат во јавниот повик, објавен на веб страната на Општина Центар“ изјави Градоначалникот на Општина Центар, Герасимовски.
![]()
Тој ги повика сите граѓани кои имаат потреба од нега во домашни услови да поднесат барања и станат корисници на помош од медицински лица, физиотерапевти, негуватели, социјални работници и психијатри во своите домови.
Тренчевска додаде дека на околу 90 стари лица над 60 години возраст кои се жители на Општина Центар, ќе им биде обезбедена помош и поддршка во секојдневните обврски од страна на негователи, како и услуги од физиотерапевт, медицинска сестра и психолог.





