Три општински комитети, Унијата на млади сили и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ добија нови претседатели

Три општински комитети, Унијата на млади сили и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ добија нови претседатели

пред 3 часа

Три општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ вечерва добија нови претседатели, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.

„ОК Кичево добива нов претседател во името на Дејан Пандилевски. Досегашниот претседател на ОК, Лазе Јакимоски, работеше посветено, направи исклучително голема работа, но како заменик министер во Министерството за јавна администрација, останува посветен на своите професионални обврски во рамките на самото министерство“, рече Мицкоски.

Нов претседател на ОК Битола е Горан Исков, којшто во моментот ја извршува функцијата директор на АД ЕСМ Молика, подружницата. Доаѓа на местото на пратеникот Пеце Милевски, којшто продолжува да биде заменик на Генералниот секретар и ќе делува во изборната единица 5.

Третиот претседател, којшто денеска го потврди ИК на партијата, е претседателот на ОК Прилеп. „Тој е младиот, талентиран, харизматичен и навистина надежен, Христијан Тунески, којшто очекувам со својата младост, пркост и енергија да внесе нова енергија во ОК Прилеп, додека пак, досегашниот претседател на ОК Прилеп, и актуелен градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски ќе биде предложен за нов член на ИК на партијата“, рече Мицкоски.

Со ова, додаде тој, практично ја затвораме целокупната структура на општински комитети.

За нов претседател на Унијата на млади сили е избран Тодор Конески, а за нова претседателка на Унијата на жени е избрана Марија Митева, досегашен портпарол на Владата.

„Сите овие смени и во рамките на партијата и во рамките на Владата, имаат за цел да внесат нова енергија, да додадат вредност во квалитетот на работење и на Владата и на партијата. Новата енергија е нов импулс за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување, забрзување на реформите, забрзување на економијата, забрзување на капиталните инвестиции и забрзување на промените што граѓаните ги очекуваат и заслужуваат“, рече Мицкоски.

Текстот Три општински комитети, Унијата на млади сили и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ добија нови претседатели е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top