Тркалезна маса: Соработка помеѓу младите и локалните институции за зајакнување на вработливоста

пред 3 години

„Подобрување на соработката помеѓу младите и локалните институции во насока на зајакнување на вработливоста” беше темата на која во хотелот „Кристал Палас“ денеска младите и претставници на институциите чии надлежности се допираат со младинските политики дискутираа.

Настанот беше организиран од Коалицијата на младински организации СЕГА, во соработка со СОС Детско Село, во рамки на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности (YEEP) поддржаа младинска иницијатива со цел подобрување на мерките за вработливост на млади лица на локално ниво“.

Во своето воведно обраќање и претставување на проектот извршниот директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, Зоран Илиески истакна дека проектот кој што се спроведува во Западен Балкан се вика „Младинско охрабрување за нивните можности“,финансиран од германската влада, а во Македонија се спроведува во три општини во Прилеп,Тетово и во Битола вклучувајќи ја координацијата во Скопје.

Илиески додаде дека се во комуникација и во координација со локалните бизниси во градот и дека предизвикот со кој се соочуваат младите лица по завршувањето на образовниот процес е излегувањето на пазарот на трудот и судирање со реалноста од непоседување на работно искуство.

Градоначалникот Јовчески заблагодарувајќи се за поканата да присуствува на оваа тркалезна маса, посочи дека ова е почеток на заедничка и успешна соработка во која заедно со локалните институции ќе придонесат за интеграција на младите на пазарот на трудот.

Заблагодарувајќи се за поканата, претседателот на совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, потенцираше дека преку формирање на Младински Совет на Прилеп во иднина ќе се унапреди соработката со младите лица.

Тркалезната маса ќе придонесе за подигнување на свеста и вмрежување кај клучните засегнати страни за адекватна поддршка и интеграција на младите луѓе на пазарот на труд.

Share
Scroll to Top