Тројца повредени во судир на две возила на „Партизанска“

пред 4 години

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, помеѓу полициско возило „Ауди 4“ и „хјундаи“.

Во незгодата повредени се двајцата возачи – М.М.(30) и Д.С.(46) и совозачот на полициското возило З.Т.(52), сите тројца од Скопје.

Извршен е увид.

Share
Scroll to Top