Уапсен крадец од Скопје, бил фатен непосредно по кражбата

пред 3 години

Утрово во 08.15 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар го лишија од слобода Џ.Х. (24) од Скопје, непосредно по извршување на кривично дело „тешка кражба во обид“ од барака сопственост на ЕВН Македонија на подрачјето на Центар.

Џ.Х. бил приведен во полициска станица, при што го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Во координација со Јавен обвинител, по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа надлежните.

Share
Scroll to Top