Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45 објекти при контролите на АХВ

Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45 објекти при контролите на АХВ

пред 3 часа

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), согласно одредбите од Законот за безбеднсот на храната, од почетокот на јули до крајот на август спроведоа вонредни инспекциски контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби. Во два месеца реализирани се вкупно 560 инспекциски надзори кај оваа категорија оператори, за што се издадени 140 решенија за утврдени неусогласности, соопшти Агенцијата за храна.

Изречени се и 45 парични казни во вкупна вреднсот од 19 430 евра во денарска проиввредност. Како небезбедни нештетно се уништени 202 литри/килограми сладолед и мраз. Со спроведените контроли утврдено е дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство. 64 од операторите немале направено анализи на сладолед/мраз, кај 20 утврдено е несоодветно означување на производите, а тројца набавувале мраз од нерегистриран добавувач.

Со контролите затекнати биле и вработени лица кај 10 оператори кои немале спроведени задолжителни здравствени прегледи. Незадоволителни хигиенски и технички услови утврдени биле кај 5 од контролираните објекти, а 19 оператори немале воспоставени процедури на Добра производствена и Добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите.

Незадоволителни технички и хигиенски услови имало во 5 објекти, а записи за следливост немале 4 од операторите. Кај еден оператор утврдено било дека нема спроведено задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Текстот Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45 објекти при контролите на АХВ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top