Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија

пред 2 дена

Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија, стои во соопштението од Уставниот суд.

„Во врска со информациите доставени до Собранието дека судијката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска со единствена точка на дневен ред, едногласно го донесе следниот заклучок – во согласност со членот 51 од Уставот секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Членот 109 изменет со амандманот 15, јасно и прецизно ги уредува постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на Уставниот суд“, стои во напишаното.

Се поајснува дека во согласност со членот 111 од Уставот јасно се определени условите за престанок на функцијата на уставен судија и оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на судија на Уставниот суд е самиот Уставен суд.

„Секое преземање какво било дејство од кој било државен орган надвор од уставно предвидените одредби во членот 111 претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд. Судот потенцира дека во 60-годишното постоење не постои случај да му престане функцијата на уставен судија по основ на остварување старосна пензија“, нагласуваат од Уставниот суд.

Текстот Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top