Утре без вода делови од Гази Баба и Центар

Утре без вода делови од Гази Баба и Центар

пред 4 часа

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( Среда ) имаат планирано неколку интервенции во водоводната мрежа и тоа:

· поради реконструкција на водоводна мрежа Ф250мм и промена на шибер Ф250мм на улица Среќко Пужалка бр.67Б, општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Среќко Пужалка, Жегљане, Фуштанска, Товарник, Јужноморавски бригадии с.Стајковци од 09:00 часот до завршување на активностите.(општина Гази Баба)

· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Кеј 13-ти Ноември бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

· поради уличен дефект ф-150 мм на ул.Периша Савелиќ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)

Текстот Утре без вода делови од Гази Баба и Центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top