Утре прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало

Утре прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало

пред 5 часа

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (29 декември 2025 година, понеделник) поради изведување на водоводен приклучок Ф200 мм на улица Титовелешка б.б., ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало, на подрачјето на Општина Центар.

Прекинот ќе започне од 10:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности, соопштуваат од јавното претпријатие.

Фото: pexels

Текстот Утре прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top