Утре променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.
Утре и во сабота утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви.
Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h.
Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.
Текстот Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаби врнежи од дожд е превземен од МАКФАКС.





