Утре променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.
Текстот Утре променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени е превземен од МАКФАКС.




