Утре сонце и температури до 36 степени, попладне услови за невреме

Утре сонце и температури до 36 степени, попладне услови за невреме

пред 3 часа

Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 19 степени, додека максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, јавува УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Според најавите за наредните денови, по утрешната локална нестабилност ќе следува период на топло и стабилно време. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Текстот Утре сонце и температури до 36 степени, попладне услови за невреме е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top