Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степена. УВ=8
Во Скопје, се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.
Според УХМР, и во вторник ќе се задржи стабилно време со благ пораст на дневната температура. Во среда и четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.