Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

пред 6 часа

Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.

Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.

Текстот Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top