Утре умерено облачно со сончеви периоди: можен краткотраен дожд, температури до 19 степени

Утре умерено облачно со сончеви периоди: можен краткотраен дожд, температури до 19 степени

пред 5 часа

Утре времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне, претежно во западните делови, ќе има услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 2 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време, со услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне до 18 степени, јавува УХМР.

За време на викендот времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне, особено во западните делови, ќе има услови за краткотраен повремен дожд. До крајот на периодот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.

До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во среда ветерот ќе го смени правецот во источен, а во четврток во североисточен. Од вторник дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Фото: depositphotos

Текстот Утре умерено облачно со сончеви периоди: можен краткотраен дожд, температури до 19 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top