Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

пред 10 месеци

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Времето во наредните денови

Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег

Текстот Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top