Фатен разбојник што со нож ограбил обложувалница во Кисела Вода

пред 3 години

Полицијата приведе 26-годишен скопјанец со иницијали Н.С. кој пред два месеци со закана со нож извршил разбојништво над вработен во спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода.

Од МВР велат дека приведениот во целост го признал извршувањето на кривичното дело.

Во координација со Јавен обвинител, против Н.С. е поднесена кривична пријава и истиот е предаден во ОЈО Скопје.

Share
Scroll to Top