Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДС, тоа е причината што целосно ја става СДС во функција на туѓи интереси и ја претвора во обична прокси структура под диригентската палка на Зоран Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, додаваат од таму, ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционири во СДС, сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ.
„Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче.
Венко Филипче не покажа капацитет за лидерство напротив јавноста може да виде само политичка сервилност, Филипче не покажа самостојност тука целосна зависност и потчинетост.
Филипче не само што нема капацитет да води, туку свесно ја жртвува партијата за да остане на позиција, спроведувајќи агенди што не произлегуваат од членството, ниту од граѓаните а се под водство на Башановиќ и Шчекиќ.
Сомнителните средби на Филипче надвор од државата во Ниш и Грција по насока на Заев и упорниот молк околу нив се директен показател дека клучните одлуки не се носат транспарентно, туку во затворени кругови, далеку од очите на јавноста. Ова претставува сериозен удар врз политичката транспарентност и довербата“.
ПР машинеријата на СДС, додаваат од владејачката партија, се сведува на ширење дезинформации, манипулации и оркестрирани клевети, што јасно покажува, како што наведуваат, дека партијата нема реални политики, туку се потпира на валкани кампањи за да опстане на политичката сцена.
„Некогаш сериозна политичка партија, СДС денес е симбол на погрешно раководење, изгубен правец и целосно отуѓување од граѓаните. Заев, заедно со своите наследници, ја доведе партијата до работ на политичка безначајност“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ова не е само политичка криза во СДС туку и јасен доказ за заробена партија, управувана од сенка, без легитимитет и без иднина.
Граѓаните, потенцираат, заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики.
Текстот Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.






