Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна само Македонија, прашува Филипче

„Филипче знае да искоментира се, само не кажува како со плата стекна хациенда на Водно и луксузно Q8“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 2 години

„Филипче знае да искоментира се, само не кажува како со плата стекна хациенда на Водно и луксузно Q8. Дали можеби и самиот Филипче не знае како се стекнал со огромниот имот? Па заборавил и да го пријави во својот анкетен лист“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Филипче ќе не убедува дека луксузното Ауди Q8 кое тој го возеше не е негово, туку некој му го дал, и кој е тој што дава на возење кола од 250.000 евра и со која цел?

Дали Филипче може да докаже дека хациендата на родителите на неговата сопруга не е негова, и дека тој нема апсолутно никаква врска со истата?

Уште колку време Филипче мисли дека ќе го лаже народот? Сите гледаат и знаат дека во политика се врати за кога ќе треба да дава одговори на овие прашања да се жали на политички притисок“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „Филипче знае да искоментира се, само не кажува како со плата стекна хациенда на Водно и луксузно Q8“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top