Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот

пред 2 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.

На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.

„Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион“.

Текстот Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top