Филипче: Утре пристигнуваат 500.000 дози „Синовак“, вакцина ефикасна и одобрена од СЗО

пред 5 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи потврди дека утре во земјава ќе пристигнат половина милион дози од вакцината на производителот „Синовак“.

Тој нагласува дека оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење.

Во продолжение на објавата, Филипче ги наведува официјалните карактеристики на вакцината „Синовак“, објавени од СЗО:

– Инактивиран САРС-Ков2 вирус
– Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза
– Високо ефикасна за превенција на тешка болест
– Се дава мускулно во рамо
– Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици
– Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица

Министерот за здравство вчера најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.

Share
Scroll to Top