Фолклористи од Чиле, БиХ, Србија и Бугарија на фестивалот „Св. Троица“ во Долно Лисиче

Фолклористи од Чиле, БиХ, Србија и Бугарија на фестивалот „Св. Троица“ во Долно Лисиче

пред 5 часа

Градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде во Општина Аеродром на учесниците на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој од вечерва до 1 јуни ќе се одржува во Долно Лисиче.

На фестивалот, покрај македонските, ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.

„Фестивалот е одлична можност гостите да ја почувствуваат нашата гостопримливост и со себе да понесат прекрасни спомени од нашиот Аеродром. ‘Св. Троица’ е вистински пример за негување на традицијата, на македонскиот дух и на вредностите што со гордост ги пренесуваме на младите генерации, но и прекрасна можност за испреплетување на културите, пријателството и меѓусебното почитување. Искрени честитки и благодарност до организаторите од КУД „Гоце Маркоски“ за посветеноста и долгогодишната работа во зачувувањето на фолклорот, традицијата и културното наследство“, велат од Општина Аеродром.

Текстот Фолклористи од Чиле, БиХ, Србија и Бугарија на фестивалот „Св. Троица“ во Долно Лисиче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top