Несовесни граѓани го вандализирале надземниот премин „Влајко“. Преминот ќе биде затворен за користење до санирање на штетите.
„Во текот на денешниот ден, сведоци сме на уште еден вандалски чин на надземниот пешачки премин „Влајко“ кој се наоѓа во населбата Влае. Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење“, соопшти Општина Карпош.
Од таму додаваат дека по санирањето на настанатите штети, преминот повторно ќе биде ставен во функција. За повторното отворање, јавноста дополнително ќе биде информирана.





Текстот (Фото) Демолиран надземниот премин „Влајко“ е превземен од МАКФАКС.



