(Фото) Колони возила на бензинските пумпи по објавата на новите цени на горивата

(Фото) Колони возила на бензинските пумпи по објавата на новите цени на горивата

пред 8 часа

Колони возила се забележуваат на речиси сите бензински пумпи, по објавата на новите цени на горивата кои ќе важат од ноќеска на полноќ.

Граѓаните побрзаа да наточат поевтини дизел и бензин, кои од полноќ ќе поскапат за 14,5 и за пет денари.

Од 10.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,586 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 14,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 12,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 ден/кг и сега ќе изнесува 42,586 ден/кг.

Цените на нафтата на светско ниво експлодираа, по војната меѓу Иран од една и Израел и САД од друга страна.

Министрите за финансии на Г7 одржаа онлајн состанок за влијанието на војната врз пазарите, откако цената на нафтата се искачи на повеќе од 119 долари за барел.

Јапонската министерка за финансии, Сацуки Катајама, изјави на брифинг дека Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) повика на координирано ослободување на стратешките резерви на нафта.

„ИЕА апелираше до секоја земја да ослободи дел од своите резерви на нафта на координиран начин“, рече Катајама, осврнувајќи се на состанокот на министрите на кој се разговараше за влијанието на војната со Иран врз пазарите, откако цените на нафтата денеска се искачија над 119 долари за барел.

Текстот (Фото) Колони возила на бензинските пумпи по објавата на новите цени на горивата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top