(Фото) Крива Паланка – разеленета, цветна и уредена

(Фото) Крива Паланка – разеленета, цветна и уредена

пред 4 часа

Денес, на социјалните мрежи, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски објави серија впечатливи фотографии од раззеленетиот и цветен град, преку кои уште еднаш се истакнува уреденоста, естетиката и неговата препознатлива убавина.

„На фотографиите се прикажани новоуредени зелени површини, цветни алеи, внимателно реализирано хортикултурно и партерно уредување, како и пешачки патеки кои хармонично се вклопуваат во природниот амбиент. Овие содржини ја отсликуваат трансформацијата на јавните простори во пријатни и функционални места за одмор, прошетка и секојдневно уживање“, известуваат од Општината.

„Посебен акцент е ставен на зеленилото и цветните насади кои внесуваат боја, свежина и нова енергија во градот, создавајќи средина што поттикнува позитивно расположение и повисок квалитет на живот.

Дополнителна вредност и автентичен изглед на градот му даваат реконструираните мостови, живописните мурали и уредените пешачки патеки, кои заедно создаваат препознатлива урбана целина.

Крива Паланка денес изгледа поуредено, позелено и поубаво резултат на континуирана грижа, посветеност и јасна визија за развој на современа, еколошки одржлива и пријатна урбана средина за сите граѓани“, соопштуваат од Општината.

Текстот (Фото) Крива Паланка – разеленета, цветна и уредена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top