(Фото) Поставена нова урбана опрема на детските игралишта низ општина Илинден

(Фото) Поставена нова урбана опрема на детските игралишта низ општина Илинден

пред 3 часа

Општина Илинден продолжува со активностите за уредување и модернизација на јавните простори, со цел да обезбеди поквалитетни услови за живот на жителите во сите населени места. Во рамки на овие активности извршена е обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема.

Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата се поставени нови детски содржини, меѓу кои лулашка, лизгалка и две фигури во облик на коњче. Дополнително, на игралиштето лоцирано помеѓу улиците „525“ и „500“ поставени се нова лизгалка, лулашка и клацкалка, како и две клупи и корпи за отпадоци, извести Општина Илинден.

На детското игралиште долж пешачката патека Марино-Кадино е извршено бетонирање на просторот, поставена е нова лулашка, клацкалката и две фигури во форма на коњче. Во населеното место Илинден, на игралиштето на улица „30“ дополнително се поставени нова лизгалка и клацкалка.

Исто така, во рамки на тековните активности поставена е и нова автобуска постојка во н.м Кадино кај „Пекабеско“.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, апелираше до граѓаните да покажат поголема грижа и одговорност кон јавната инфраструктура и урбаната опрема, при што истакна дека општината континуирано инвестира во изградба и одржување на детски игралишта, паркови и други јавни содржини, кои се на располагање за сите граѓани, а нивното чувување е заедничка обврска и предуслов за создавање на уредена, модерна и функционална локална заедница.

Општина Илинден ги повикуваат жителите навремено да пријавуваат евентуални оштетувања или несовесно користење на јавните добра, со цел истите да останат безбедни, уредни и достапни за сите. Грижата за заедничките простори придонесува за поквалитетна животна средина и подобри услови за живот за сите граѓани, се додава во соопштението на Општината.

Текстот (Фото) Поставена нова урбана опрема на детските игралишта низ општина Илинден е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top