Се реконструира улицата „Лазар Димитров“, проект кој има за цел значително подобрување на локалната патна инфраструктура и овозможување побезбеден сообраќај за жителите на општина Кисела Вода. Реконструкцијата се реализира во директна соработка со Министерството за транспорт, извести Општината.
Проектот опфаќа обнова на коловозот во вкупна должина од 800 метри и просечна широчина од 3,2 метри. Вкупната површина која се реконструира изнесува 2.540 квадратни метри, за што ќе бидат вградени околу 430 тони нова асфалтна маса. Во моментов, градежната оператива интензивно работи на првата третина од улицата, односно на потег од околу 250 метри.

Главните позиции на изведба вклучуваат машинско стругање на стариот и оштетен асфалт, делумен ископ и санација со тампон на најкритичните делови, како и нивелирање на постоечките шахти и сливници. По овие подготвителни активности, следува прскање со битуменска емулзија и финално поставување на новиот асфалтен слој, соопшту Општината.

„Средувањето и модернизацијата на патната инфраструктура останува наш врвен приоритет. Реконструкцијата на улицата „Лазар Димитров“, е уште еден чекор кон создавање побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот. Преку ефикасната соработка со Министерството за транспорт, покажуваме дека со заеднички заложби можеме да испорачаме квалитетни решенија. Работиме посветено, според сите стандарди, за граѓаните да добијат инфраструктура каква што заслужуваат“, истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Текстот (Фото) Се реконструира улицата „Лазар Димитров“ во општина Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.





