(Фото) Собраниска делегација во Саудиска Арабија: Значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот

(Фото) Собраниска делегација во Саудиска Арабија: Значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот

пред 2 часа

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, престојува во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија. Во составот на Делегација се и следниве пратеници: Никола Мицевски, координатор на ВМРО – ДПМНЕ; Оливер Спасовски, координатор на СДСМ и Аднан Азизи, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив.

Во рамките на посетата Делегацијата предводена од претседателот на Собранието оствари средба со претседателот на Советот на Шурата на КСА, Адбула бин Мохамед бин Ибрахим Ал Ал-Шеик.

На средбата Гаши изразил искрена благодарност за топлото гостопримство и истакнал дека Република Северна Македонија придава исклучително значење на односите со Кралството Саудиска Арабија и останува цврсто посветена на натамошното зајакнување на партнерството меѓу двете држави, кое се темели на меѓусебна почит, пријателство и заедничка посветеност кон мирот, стабилноста и просперитетот.

„Тој изрази почит кон извонредните достигнувања на Кралството во рамките на „Визија 2030“ која преку амбициозна агенда за трансформација на Саудиска Арабија напредува во економската диверзификација, иновациите, модернизацијата и одржливиот развој. Претседателот Гаши укажаа дека меѓу двете држави постојат значителни можности за продлабочување на соработката во голем број приоритетни сектори, вклучувајќи инвестиции, енергетика, туризам, земјоделство, технологија и трговија“, соопштија од Собранието.

Сепак, било оценето дека економската соработка останува централен столб на билатералните односи и нашата држава става посебен акцент на промоцијата на инвестициите и дигиталната трансформација, односно развој на сектори кои нудат значителен потенцијал за меѓусебно корисно партнерства меѓу две држави.

„Република Северна Македонија гледа значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот за што е потребен засилен ангажман меѓу соодветните институции и засегнатите страни од приватниот сектор пред се преку олеснување на визниот режим меѓу двете држави и воспоставување на директна воздушна поврзаност меѓу Саудиска Арабија и Република Северна Македонија што би значело чекор напред во промовирањето на туризмот, деловната соработка и контактите меѓу луѓето“, пишува во соопштението.

Високо се цени конструктивната и сè повлијателна улога што ја игра Кралството Саудиска Арабија во промовирањето на регионалната стабилност, се додава во соопштението од Собранието, охрабрувањето на дијалогот и поддршката на дипломатските иницијативи насочени кон решавање на сложените предизвици низ целиот Блиски Исток и пошироко.

„Република Северна Македонија ги поддржува сите напори насочени кон ублажување на хуманитарните страдања, заштита на цивилното население, обезбедување непречен хуманитарен пристап и создавање услови за одржлив и траен мир. Претседателот Гаши цврсто верува дека парламентарната дипломатијата, дијалогот и поголема меѓусебна соработка остануваат неопходни за продлабочување на соработка“, соопшти собраниската прес-служба.

Претседателот на Советот на Шурата, Абдула бин Мохамед истакна дека Кралството Саудиска Арабија високо го цени пријателството со Република Северна Македонија и верува дека треба да продолжиме да градиме цврсти односи засновани на меѓусебна почит, разбирање и заедничко верување во дијалогот, соработката и мирните односи меѓу нациите.

Двајцата соговорници се согласиле дека во сегашната меѓународна средина, обележана со повеќекратни и меѓусебно поврзани предизвици, тие цврсто веруваат дека дијалогот, дипломатијата и мултилатералната соработка остануваат неопходни инструменти за зачувување на мирот, зајакнување на безбедноста и унапредување на одржливиот развој.

Делегација се сретна и со претседателот на Групата за пријателство со Република Северна Македонија на Советот на Шурата, д-р Али М. Алшухтани, како и со членовите на оваа група при што разменија мислење дека во иднина поинтензивно ќе работат на развивање на парламентарната дипломатија како и на размена на искуства во области од заемен интерс.

Текстот (Фото) Собраниска делегација во Саудиска Арабија: Значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top