Халкбанк со поддршка на проектот „Менталното здравје пред сѐ“ на СОС Детско село

Халкбанк со поддршка на проектот „Менталното здравје пред сѐ“ на СОС Детско село

пред 33 минути

Халкбанк АД Скопје ја продолжува долгогодишната соработка со СОС Детско село преку потпишување нов договор за донација за поддршка на проектот „Менталното здравје пред сѐ“, насочен кон обезбедување психолошка помош, специјална едукација и рехабилитација за деца и млади без родителска грижа. Со оваа донација, банката придонесува кон унапредување на нивното ментално здравје, емоционален развој и надминување на последиците од трауматски искуства.

Проектот се реализира преку Советувалиштето за психолошка поддршка и специјална едукација со рехабилитација на СОС Детско село, кое обезбедува стручна помош приспособена на индивидуалните потреби на децата и младите. Активностите опфаќаат психолошко советување, специјализирани третмани за деца со развојни предизвици и поддршка за деца со сензорни и когнитивни потешкотии. Целта е да се зајакне нивната способност за справување со емоционалните тешкотии, да се поттикне личниот развој и да се создадат подобри услови за нивна самостојност во иднина.

„Менталното здравје е основа за здрав развој и квалитетен живот, особено кај децата кои се соочиле со тешки животни искуства. Веруваме дека навремената стручна поддршка може да направи суштинска разлика во нивното растење и во можностите што ќе ги имаат во иднина. Затоа ни е особено драго што преку долгогодишното партнерство со СОС Детско село можеме да придонесеме кон реализацијата на овој значаен проект и да им помогнеме на децата и младите да изградат посигурна иднина“, истакнуваат од Халкбанк АД Скопје.

Истражувањата покажуваат дека децата кои растат без родителска грижа се соочуваат со зголемен ризик од емоционални и развојни предизвици, што ја нагласува важноста на навремената и континуирана стручна поддршка.

Токму затоа, преку проектот „Менталното здравје пред сѐ“, СОС Детско село обезбедува индивидуализирана психолошка поддршка, специјална едукација и рехабилитација, приспособени на индивидуалните потреби на секое дете.

„Позитивните промени во животот на децата и младите без родителска грижа не се случуваат веднаш. Тие се градат постепено, со доверба, трпение и континуирана стручна поддршка. За децата кои поминале низ тешки животни искуства, психолошката помош е важен дел од процесот на зајакнување на самодовербата, надминување на предизвиците и развивање на сопствените потенцијали.

Токму затоа, долгорочните партнерства како ова со Халкбанк имаат особена вредност. Нивната поддршка ни овозможува да обезбедиме континуитет во грижата и да создадеме услови секое дете да расте со поголема сигурност, да напредува и да верува во своите можности“, истакнуваат од СОС Детско село.

Со поддршката на проектот „Менталното здравје пред сѐ“, Халкбанк ја продолжува својата посветеност на општествено одговорни иницијативи, ставајќи акцент на грижата за децата и младите и обезбедувањето еднакви можности за нивен здрав развој.

ПР

Текстот Халкбанк со поддршка на проектот „Менталното здравје пред сѐ“ на СОС Детско село е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top