Хоџа: Над 30 административни постапки на МЖСПП стануваат побрзи и поефикасни

Хоџа: Над 30 административни постапки на МЖСПП стануваат побрзи и поефикасни

пред 5 часа

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја презентираше новата Методологија за поедноставување на административните постапки.

Оваа иницијатива, дел од Реформската агенда 2024–2027, е насочена кон создавање поефикасен систем кој директно ќе им помогне на малите и средните бизниси. Во рамки на овој процес, мапирани се вкупно 100 административни постапки избрани според тоа колку често се користат и колку се важни за фирмите, при што дури 31 постапка спроведувана од МЖСПП е дел од оваа листа на приоритети за кратење.

„Сложените процедури, долгите рокови и обемната документација претставуваат реална пречка за растот и конкурентноста на компаниите. Затоа воведуваме систематски пристап за идентификување и поедноставување на најоптоварувачките постапки“, истакна Хоџа. Тој нагласи дека преку подобра координација помеѓу институциите, администрацијата ќе се трансформира во вистински сервис кој обезбедува побрзи услуги и подобри услови за работа.

Дурмиши посочи дека во изминатиот период Владата посветено работи на реформската агенда и исполнувањето на чекорите.

„Ние како Министерство за економија и труд, но и како известувач за чекорите кои се однесуваат на намалувањето на неформалната економија координирано со другите институции, меѓу кои и Министерството зс животна средина и просторно планирање ја подобруваме бизнис климата за малите и средните претпријатија, истакна министерот Дурмиши.

Планот на реформата е прецизен: од мапираните процедури, ќе се издвојат 50 приоритетни за итна интервенција. Крајниот резултат што го очекуваат граѓаните и фирмите е намалување на бирократијата за најмалку 50%. Ова практично значи двојно помалку чекори, помалку потребни документи и многу пократко време за завршување на административните обврски, со што значително ќе се олесни секојдневното работење на малите и средните претпријатија, посочуваат надлежните.

Текстот Хоџа: Над 30 административни постапки на МЖСПП стануваат побрзи и поефикасни е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top