Хрватска испраќа канадер за да и’ помогне на Македонија во справувањето со пожарите

Хрватска испраќа канадер за да и’ помогне на Македонија во справувањето со пожарите

пред 2 години

Министерството за одбрана на Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во земјава на помош, за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите.

„Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Северна Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ“, се вели во соопштеието на министерството во Загреб, пренесе „Индекс“.

Во Македонија владее кризна состојба поради зголемена појава на пожари. Помош вчера испрати Турција, а се очекува денес да пристигне помошта и од Словенија, Србија и Црна Гора.

Текстот Хрватска испраќа канадер за да и’ помогне на Македонија во справувањето со пожарите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top